Хроника 09. јули 2019. / 22:22

Параглајдеристите пренесени во болница со хеликоптер

Параглајдеристите пренесени во болница со хеликоптер

Двајца параглајдеристи од Украина, машко и женско, денеска попладне паднале на планината Галичица од албанска страна. МВР се понудило да испрати хеликоптер со цел побрза акција за спасување.

За кратко време, екипа на специјалната полиција заедно со еден наш хеликоптер, успеале да ги извлечат параглајдеристите живи и да ги пренесат во Охрдиската болница Св. Еразмо, пренесе Охридњуз.

Според првичните неофицијални информации, за време на летот на украинската параглајдеристка и се случил колапс на крило, поради што нејзиното летало неконтролирано почнало да се движи во правец на Албанија каде и паднала. Таа отворила помошен падобран, но не успеала да го избегне падот, а силниот ветер ја носел низ падината околу 200 метри. Незгодата ја забележал друг параглајдерист кој во истиот момент летал од Планината Галичица, кој слетал на местото на падот за да и помогне.

Се очекуваат повеќе детали.