Пациентка на Клиниката за неврохирургија со два негативни теста наместо да се оперира, се заразила со ковид во болницата.
– Јас татко ми и брат ми бевме на Клиниката за неврохирургија да потпишеме за операција, излезе медицинска сестра и ни кажа дека пацинетот одбива операција. Пацинетот не е доволно свесен за да одбие, затоа ние сме тука да потпишеме за операцијата, а потоа не информираа да си ја земеме пацинетката дома, но ние одбивме. Мајка ми не знае ни како се вика ни која година е родена ни каде живее.По наше инсистирање пацинетка остана, после пак ни јавија да потпишеме и таму и правеле тест излегол негативен. Вчера пак ни кажаа да ја земеме затоа што е позитивна на ковид тест. Јас прашав: како може да ја однесеме со една болест а да ја земеме со две болести? Она беше со два негативни теста а третиот позитивен..како да ја земам јас? Значи она е заразена во болница…, вака изгледа гoлготата низ која пацинетка од Тетово и нејзините најблиски ја преживуваат со денови на Клиниката за неврохирургија и се борат за нејзиниот живот.
Нејзиниот син Жарко Трајковски јавно за Алфа раскажува за нејзиниот како што вели, лош третман.Но и дека на маса им било оставено отпусна листа во која наводно тие и нивната мајка која е во полусвесна состојба, се согласиле да оди на домашно лекување, што според тврдењето на семејството не е точно и дека на такво нешто никогаш не се сложиле.
– Во отпусната листа пишува дека пацинетот одбива за операција. Како може кога семејството односно ние, знаевме дека таа оди на неврохирургија, како ние сме одбиле а одиме да потпишеме за да се оперира? – раскажува за Алфа Телевизија Жарко Трајковски, син на пациентката.
По овие пеколни денови за семејството Трајковски, пацинетката сега е хоспитализирана во ковид центарот на Клиниката за неврологија. А претходно пак, од Клиниката за неврохирургија состојбата ни ја објаснија малку поразлично.
– Откако се усогласија ставовите помеѓу пацинетката и нејзиното семејство за да се направи операција, се напрви предоперативен ковид тест кој што беше позитивен. Од страна на неврохирургот и беше посочено на пацинетката дека треба да се јави во локален ковид центар и потоа да се врати за операција. – велат за Алфа од Клиниката за неврохирургија.
Семејството Трајковски и натаму останува во борба за спас на животот на мајката и меѓудрогото молат за итна помош од надлежните.