Хроника 19. мај 2020. / 17:14

Пациент вперил пиштол кон докторка од Виница, додека му укажувала лекарска помош

Пациент вперил пиштол кон докторка од Виница, додека му укажувала лекарска помош

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и Т.Б.(53) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ во врска со кривично дело „помагање“.

На 10.11.2019, пријавениот Б.О., откако му била укажана лекарска помош во ЈЗУ Виница, со пиштол се заканил на докторката, по што пиштолот го дал на второпријавениот, кој го сокрил во куќа во с.Јакимово.