Хроника 11. јануари 2020. / 15:45

Откриени мигранти во товарен воз што пристигнал од Грција

Откриени мигранти во товарен воз што пристигнал од Грција

Вкупно 62 мигранта се откриени вчера попладне при контрола на два товарни воза кои пристигнале на Железничката станица Гевгелија од Грција.

Во првиот воз се пронајдени 42 мигранта од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир. Мигрантите се откриени во 15:55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Австрија откако возот пристигнал во 15:25 часот.

Подоцна, во 19:00 часот вечерта, при контрола на товарен воз кој, исто така пристигнал од Грција, пронајдени се уште 20 мигранти, осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир.

Сите се пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.