Хроника 19. декември 2018. / 11:45

Откриен идентитетот на полицаецот кој утрово беше прегазен од воз

Откриен идентитетот на полицаецот кој утрово беше прегазен од воз

Али Бектеши, 34-годишен полицискиот службеник, вработен во полициската станица во Гази Баба, е лицето кое утринава почина на лице место откако автомобилот „Фолксваген венто” во кој се наоѓал беше прегазен од товарен воз.

Несреќата се случила во раните утрински часови, околу 05,50 часот на патниот премин преку железничка пруга „Маџари”. Товарниот воз кој удрил во службеното возило, сообраќал на релација од Табановце кон Скопје.