Основното јавно обвинителство Велес до надлежен суд поднесе казнени налози против десет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија – , соопштија од ОЈО Велес.
Обвинителството му предложи на Судот да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.