Хроника

Останал без својот автомобил „Леон“: Му го украле на сред бел ден на „Партизанска“

Останал без својот автомобил „Леон“: Му го украле на сред бел ден на „Партизанска“

Вчера околу 18.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.Ј. (44) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 17.45 до 17.50 часот на булевар „Партизански Одреди“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителот влегол во возилото кое било отклучено и со клучевите кои биле оставени на возилото, го стартувал и заминал во непознат правец.

На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.660.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно рачистување на случајот.