Хроника 18. ноември 2019. / 12:21

Оргaнизирале семејна прослава во ресторан и на крај завршиле во полициска станица

Оргaнизирале семејна прослава во ресторан и на крај завршиле во полициска станица

С.И.(65) од Гостивар вчера во СВР Тетово пријавил дека околу 19 часот и 15 минути во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар бил нарушен јавниот ред и мир од М.Ѓ.(31) и Ж.Ѓ.(30), двајцата од Гостивар, кои оргaнизирале семејна веселба во објектот, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Двајцата пријавени приведени се во Полициската станица Гостивар и изготвени им се поднесоци.