Хроника 02. јули 2020. / 22:30

Опожареното возило не е на Владата

Опожареното возило не е на Владата

Владата соопштува дека според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Македонија, возилото кое беше опожарено во текот на минатата ноќ не е во сопственост на Владата.

Ви праќаме информација поврзана со веста објавена на Вашиот портал со наслов „Опожарено возило во сопственост на Владата“, а во која е подвлечено дека „На улица „Димитар Влахов“ утрово настанал пожар, при што опожарено било едно патничко возило „ауди 4“ во сопственост на Владата на Република Македонија, велат од Владата.