Хроника 24. ноември 2018. / 15:17

Опожарено возило во Козле, пожарникари го гаснеле еден час

Опожарено возило во Козле, пожарникари го гаснеле еден час

Возило ноќеска е опожарено на улицата „Јуриј Гагарин“ брј 56 во скопската населба Козле.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираа дека интервенирале со едно возило и со четири пожарникари, а интервенцијата траела од два до три часот.

Материјалната штета се проценува на околу 600 илјади денари.