Опожарен е угостителски објект во Бутел, на улицата „Томе Пуре“, како и товарно возило „рено мастер“ кое било паркирано во непосредна близина.
Како што соопшти СВР, случајот е пријавен ноќеска, во 01:15 часот. Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција и помошната просторија.
Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната бригада Скопје, повредени лица нема, а извршен е и увид.