Хроника 06. февруари 2019. / 12:01

Охриѓанка со велосипед удрена од трактор, 20-годишниот тракторист побегнал

Охриѓанка со велосипед удрена од трактор, 20-годишниот тракторист побегнал

Tрактор без регистарски ознаки, управуван од 20-годишник од охридското село Долно Лакочереј, во попладневните часови на 5 февруари на охридскта улица „Радојца Новичиќ“, удрил во 69-годишна охриѓанка која управувала велосипед.

Како што информираат од МВР, по инцидентот трактористот побегнал од местото на настaнот.

Од ударот велосипедистката се здобила со тешки повреди и била пренесена во болницата „Св.Еразмо“. По преземени полициски мерки, возачот на тракторот бил пронајден и приведен.