Хроника 06. јануари 2019. / 14:58

Охриѓанка нападната од кучиња завршила со тешки телесни повреди

Охриѓанка нападната од кучиња завршила со тешки телесни повреди

На улицата „7 Ноември“ во Охрид, во попладневните часови на 5 јануари, 53-годишна охриѓанка била нападната од кучиња во сопственост на 38-годишен сограѓанин.

Притоа, 50-годишен охриѓанец се обидел да ѝ помогне на жената, но и тој бил нападнат. Двајцата се здобиле со тешки телесни повреди и пренесени се во Општата болница во Охрид.

По целосно документирање на случајот, охридската полиција против 38-годишниот сопственик на кучињата, ќе поднесе соодветна пријава.