Хроника 24. ноември 2018. / 17:03

Охриѓанец заврши во притвор – Пијан кршел излози на објекти

Охриѓанец заврши во притвор – Пијан кршел излози на објекти

Синоќа околу 23 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш. (38) од Охрид. Тој пред казино лоцирано на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со кршење на излози од казиното и уште неколку соседни објекти, а потоа започнал расправија со вработените.

Е.Ш е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.