Возило марка „Лада Нива“ се запали и изгоре ноќеска, нешто после 01:30 часот во Охрид. Пожарот избувнал на паркингот на зградата до Музичкото училиште „Методи Патчев“ и Историскиот архив, пишува „Охрид прес“.
На лице место интервенирала екипа на охридската противпожарна единица, која успеака да го изгасне пожарот. Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица, а е причинета поголема материјална штета.
До овој момент нема информации за причините кои довеле до опожарувањето.
извор: Охрид Прес