Хроника 18. февруари 2020. / 11:09

Охрид: Велосипедистка e тешко повредена откако автомобил удрил во неа

Охрид: Велосипедистка e тешко повредена откако автомобил удрил во неа

На 17.02.2020 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Будва“ во Охрид патничко возило „опел“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П.(22) од Охрид удрило во велосипед управуван од Љ.Н.(60) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., по што била пренесена во болницата „Св.Еразмо-Охрид“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.