Хроника 12. јануари 2021. / 16:56

Ограда од куќа падна врз 64-годишна скопјанка

Ограда од куќа падна врз 64-годишна скопјанка

Дел од ограда на куќа во изградба падна врз шеесет и четиригодишна жена од скопското село Стајковци.

Од полицијата информираат дека настанот се случил вчера напладне, додека жената се движела по улица.

-Таа е префрлена во Градската општа болница„Св.Наум Охридски“, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.