Хроника 06. март 2019. / 17:55

Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Разбојништво во спортска обложувалнива во Скопје, крадците го одземале дневниот промет. Според информациите на полицијата, влера околу 23.15 во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улица „Иван Хаџиниколов“ две непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана од вработениот одзеле пари и побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.