Двајца разбојници ограбиле бензиска пумпа во Скопје. Според полицијата, вчера околу 18.15 часот е пријавено дека на бензиска пумпа на ул. „Македонска Косовска Бригада“ во Скопје две непознати лица со закана извршиле разбојништо и ги одзеле парите од дневниот промет и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ограбена бензиска пумпа во Скопје
