Хроника 09. мај 2018. / 21:26

Ограбена бензинска пумпа на улицата „Перо Наков“

Ограбена бензинска пумпа на улицата „Перо Наков“

Две непознати лица рано изутрината извршиле разбојништво и одзеле шест илјади денари од бензинска пумпа на улицата „Перо Наков“ во Скопје, соопшти полицијата.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје во 4:15 часот било пријавено дека на бензинската пумпа на улицата „Перо Наков“ две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво и одзеле 6.000 денари по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.