Хроника 20. октомври 2019. / 18:25

Ограбен таксист во скопско Батинци

Ограбен таксист во скопско Батинци

Скопски таксист бил ограбен синоќа во скопското село Батинци.

Според информациите од полицијата, настанот се случил во близина на угостителски објект на улицата „1“, каде на таксистот со закана му биле одземени пари од страна на две лица кои ги превезувал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.