Непознат сторител одзел паричник од хоспитализиран 72-годишен пациент, кој починал во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Случајот во полиција го пријавил вчера неговиот син, информираат од МВР.
– Г. К. (48) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 29.11.2020, во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран неговиот татко Д. К. (72), кој починал во центарот, од страна на непознат сторител одземен му е паричник во кој имало пари, лични документи и предмети, се вели во соопштението до МВР.
Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.