Хроника 01. мај 2018. / 14:14

Ограбен магацин на Министерството за труд и социјална политика

Ограбен магацин на Министерството за труд и социјална политика

Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 524.900 денари.

Вчера во Полициската станица Карпош, од страна на Министерството за труд и социјална политика, доставен е записник од 24.04.2018 година, во кои пријавуваат дека во временскиот период од 17.04.2018 година до 18.04.2018 година во кругот на Касарната Илинден, поточно од два магацински простории на министерството каде што ја складираат робата, од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба.

Имено тешката кражба била извршена на тој начин што сторителот се прекачил преку еден од прозорците, влегол во внатрешноста на магацинот од каде одзел разновидна стока: женски кондури, женски балетанки, тањири, ремени, женски сандали, зимски обувки, чанти, играчки, синтисајзери, маици, женски фустани, машки кошули, и играчки.

Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 524.900 денари.