Хроника 14. февруари 2019. / 22:38

Официјално 14 загинати во несреќата: Причина за забуната околу бројот е променето презиме

Официјално 14 загинати во несреќата: Причина за забуната околу бројот е променето презиме

Поради променето презиме на една од жртвите, во текот на целиот ден постоеше забуна околу точната бројка на загинатите лица во тешката сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово.

Се работи за имињата Бесим Камбери и Бесим Фетаи, кои се појавуваа на листите со загинатите лица и поради кои се тврдеше дека кај Карпалак загинаа 15 лица. Од селото Сенокос, ја споделија фотографијата на починатиот соселанец, со име Камбери, изразувајќи сочувство до семејството. Град Гостивар, исто така, оддаде почит на 15 починати, иако официјалната бројка во тој момент беше 14 жртви.