Хроника 04. ноември 2020. / 15:07

Одземени пасошите на Лидија Димова и поранешниот надворешен соработник во Националната агенција

Одземени пасошите на Лидија Димова и поранешниот надворешен соработник во Националната агенција

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, пред судија на претходна постапка денеска беа повикани да се произнесат Л.Д., за која постои основано сомнение дека го сторила кривичното дело Измама на штета на средства на Европската заедница од чл. 249 – а ст.2 в.в со ст.1 в.в чл. 22 и Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 и ст.3 в.в. ст.1 в.в чл. 45 од КЗ и А.Г. за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Измама на штета на средства на Европската заедница од чл. 249 – а ст.2 в.в. ст 1 в.в чл. 22.

Ценејќи ги фактите и причините заради кои е поднесен предлогот судија на претходна постапка донесе решенија со кои го уважи предлоггот и на Л.Д. и А.Г им определи мерка – Одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, Обврска за повремено јавување во судот и Забрана за вршење на одредени работни дејствија. Претходно на 02.11.2020 година судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерки за претпазливост за З.З. опфатен во конкретната истрага.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.