Хроника 25. декември 2020. / 19:00

Одземени дури 13000 парчиња петарди во продавница во Охрид

Одземени дури 13000 парчиња петарди во продавница во Охрид

Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид,  денеска по преземени мерки и активности по ОА „Петарди“ при претрес во продавница за обувки во Охрид сопственост на И.Ш (46), пронајде и одзеде 13203 парчиња петарди.

Како што соопшти МВР, по комплетирање на доказниот материјал против И.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.