Хроника 02. ноември 2018. / 15:08

Одземена опрема од обложувалница во Тетово која работела нелегално

Одземена опрема од обложувалница во Тетово која работела нелегално

После извршена контрола од страна на полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово, откриле дека работела нелегално, без потребните документи.

При тоа, во објектот пронајдени и од одговорниот на обложувалницата Ф.Љ.(49) од Тетово, со потврда се одземени осум телевизори, четири компјутери, три монитори, два печатачи, еден читач, еден кено-апарат, три покер апарати, еден принтер, парични средства и тикети за игри на среќа.

По целосно расчистување на случајот, против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок.