Хроника 28. септември 2020. / 10:43

Одбраната на Јанакиески бара повлекување на обвинението за настаните пред општина Центар

Одбраната на Јанакиески бара повлекување на обвинението за настаните пред општина Центар

Димитар Дангов, бранител на Миле Јанакиески бара повлекување на обвинението против него во случајот за настаните пред општина Центар во 2013 година. Адвокатот е убеден дека Обвинителството не докажале вина за тоа што го теретат.

-Бараме обвинението да се повлече пред судот да донесе одлука. Она за што се теретат обвинетите не е кривично дело, објасни Дангов.

Тој очекува ослободителна пресуда за сите обвинети во овој случај бидејќи нема доказ дека Јанакиески координирал група која Лазаров ја измисли и рече дека претпоставува дека ја имало.

-Се што постоеше како обвинение за Рангелова му се натовари на Јанакиески, додаде Дангов.