Хроника 28. февруари 2020. / 13:38

Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на фасадата на МЕПСО соодветсвува со барањата

Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на фасадата на МЕПСО соодветсвува со барањата

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО, отвори предмет по допрен глас.

Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба  до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.

Како што соопштија од Јавното обвинителство ќе се испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата. По добивањето и анализа на вештачењето, се посочува, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

– Со цел подобрување на енергетската ефикасност, на овој проект се потрошени околу 11 милиони евра буџетски средства, стои во соопштението од Обвинителството.