Хроника 28. август 2019. / 18:26

Обвинителството бара притвор за лицата кои го предизвикаа пожарот кај Велешкото езеро

Обвинителството бара притвор за лицата кои го предизвикаа пожарот кај Велешкото езеро

Пет лица се осомничени за големиот пожар во Велес, обвинителството бара притвор две лица, газдата на работилницата и работникот кој работел со апаратот за брусење во критичниот момент.

Во моментов се подготвува обвинение за предизвикување општа опасност. Од Основното јавно обвинителство Велес информираа дека започнуваат истражна постапка против одговорното лице на работилницата и против четворица ангажирани работници. Освен за газдата и за работникот кој со искрење ја предизвикал огнената стихија, за преостанатите не се бара притвор.