Хроника 23. февруари 2021. / 11:57

Обвинетиот Азири во „Монструм“: Јовески и Русковска нека дојдат во затвор да им дадам докази за нарачателите и организаторите

Обвинетиот Азири во „Монструм“: Јовески и Русковска нека дојдат во затвор да им дадам докази за нарачателите и организаторите

Адвокатот Насер Рауфи денеска во судница жестоко реагираше на објавената пресуда за случајот „Монструм“, обвинувајќи го судот дека го послушал обвинителството и ги осудил обвинетите на казните кои за нив ги побара обвинителката Фатиме Фетаи.

По него збор побара обвинетиот Фејзи Азири кој шокираше во судница.

Тој побара во рок од 10 дена републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефицата на организиран Вилма Русковска да го посетат во затворот, каде што ќе им дал докази за организаторите, нарачателите, извршителите и помагачите на петкратното убиство.

-Нека дојдат да им предложам докази за нарачателите и организаторите на убистото, за вистинските извршители и помагачи, истакна Азири.

Тој се закани дека доколку не го посетат, се што поседува ќе објави во јавност.

-Доколку не ме повикат во рок од десет дека ќе ги објавувам во јавноста, ќе доставам на странските амбасади за да се утврди точно кој е извршител, кој е нарачател, а кој е помагач, истакна Азири.