Хроника 21. јануари 2020. / 14:22

Обвинение против скопјанец за неовластена продажба на марихуана и хашиш

Обвинение против скопјанец за неовластена продажба на марихуана и хашиш

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против скопјанец за неовластена продажба на марихуана.

-Во домот на обвинетиот 38-годишник во Аеродром, на 20.12.2019 година, биле пронајдени 327,88 грама марихуана, шприц со 2,5 милилитри хашиш смола и една дигитална вага. Лицето е обвинето дека ја држело дрогата во домот заради натамошна неовластена продажба, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото што му се става на товар.