Хроника 18. јануари 2019. / 13:50

Обид за убиство во Батинци – им избегал со блиндирано возило

Обид за убиство во Батинци – им избегал со блиндирано возило

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за убиство.

Делото за кое се товари обвинетиот, како што се наведува, го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен, за кого истражната постапка беше прекината, затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице.

Според информациите, тројцата на 22.10.2018 година во с. Батинци во Скопје, со умисла се обиделе да убијат едно лице. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано возило БМВ 750 со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки – калашникови и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, а тој го стартувал возилото и избегал.