Хроника 12. јануари 2020. / 21:54

Обид за силување во Негорци, сторителот пронајден по еден час

Обид за силување во Негорци, сторителот пронајден по еден час

Во текот на денот, меѓу 14 и 14.30 часот, во село Негорци во семејната куќа непознат сторител се обидел да ја силува врз Ј.Т., информираат од СВР Струмица.

– По пријавувањето на настанот веднаш се преземени итни службени мерки и активности со координирање на сите служби на теренот, при што по еден час е пронајден сторителот и е лишен од слобода – стои во соопштението на струмичката полиција, од каде додаваат дека станува збор за лицето И.Н. од село Мелница, Велешко.

Лицето е задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со Основното јавно обвинителство ќе следува понатамошно постапување по пријавениот настан.