Mаскирани лица влегле во домот на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски со цел да извршат кражба, објави „Курир“.
Како што пишува „Курир“ во семејниот дом на Марковски вчера се обиделе да влезат неколку лица за да извршат кражба.
Во тие моменти дома биле неговата сопруга и малолетно дете, а за среќа не е причинета никаква материјална штета.
Случајот е пријавен и во полиција.
Ваквото разбојништво доаѓа веднаш откако Марковски е поставен за нов член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.