СВР Тетово поднесе известување против Ч.К.(17), Е.О.(19) и еден 13-годишник, сите од село Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување во обид“.
На 14.04.2019 година околу 19:00 часот во село Ларце, тетовско, се обиделе во патничко возило да внесат 11-годишно девојче, кое успеало да избега.