Неготинец со мотоцикл удрил во продавница.
„На 03.03.2021 во 21.15 часот на патот во село Долни Дисан, неготинско, Д.Р.(33) од село Долни Дисан, управувајќи мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, удрил во објект – колонијална продавница. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци“, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот.