Во СВР Скопје вчера во 16:30 часот Б.М. (68) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10:55 часот на телефон му се јавило непознато лице кое и кажало дека наводно нејговата ќерка направила сообраќајка, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари да го прикрие случајот.
Според пријавенито, тој се согласил на тоа и во 12 и 44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето. Во 15.50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ваквите измани станаа чести, велат од полицијата.