„Бомбите“ за Смилковско езеро сепак ќе се слушаат во судница?
Вештачење на 31 телефон ќе биде направено и претставено како нов доказ на судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Телефоните се одземени при претрес направен за време на првичната истрага. Сега ќе се прави вештачење со нова технологија што тогаш не била достапна.
Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО го информираше судот дека ќе предложи, како нови докази, аудио снимки и транскрипти од сите разговори кои се поврзани со случајот, а се доставени до СЈО во декември 2015 година од СДСМ.
Фетаи ќе мора да почека да завршат одморите за да се слушнат во судница „бомбите“ како нови докази.
Судењето за случајот „Монструм“ ќе продолжи на 22 август.