Вчера во Скопје се случи тешка сообраќајка во која животот го загубија две лица.
Несреќата, како што информира МВР, се случила околу 22 часот, на булеварот Борис Трајковски, при судир на две возила „голф“ и „пежо“. На самото место загинаа 21-годишниот Ш.С. од село Батинци и 48-годишниот З.Ѓ. од Драчево.
Инаку еден од учесниците во вчерашната сообраќајка, само оваа година, имал заработено 16 казни.