По дојавата за бомба во Сити Мол биле пребарани тоалетите и ходниците, каде досега ништо не било пронајдено. Според информациите на екипата на „Република“ која моментално е пред Сити Мол, на ред е претресот на секој дуќан во трговскиот центар, пишува Република.
Било најавено дека ќесе повикува по еден вработен од секоја од продавниците за да се направи потребниот претрес.
Граѓаните се во паника. Дел од булевар „Партизански Одреди“ е затворен од страна на сполицијата. Полициски возила се поставени на семафорите кај поликлиника Букурешт.