Телата на загинатите четворица Бугари при авионската несреќа се изгорени и во нив не се најдени документи, пренесува бугарска Нова тв.
Загинатите кај Солунска Глава не можат да бидат распознаени и треба да се земе ДНК од нивни блиски. Како што е познато, загинатите се Георги Бошнаков, кој го управувал авионот, неговата сопруга Калина и нивните ќерки и Гергана и Билјана.
Сопственикот на авионот бил еден од најстарите изнајмувачи. Леталото било сместено во хангар број три на аеродромот Лесново. Пилотите велат дека човекот имал сериозно искуство на небото. Ги знаел способностите на авионот. Беше сериозен и организиран, вели менаџерот на аеродромот Иван Јанков.
–Тој беше многу строг како пилот и многу совесен. Нема ништо за него што се смее во авијацијата. Тој се подготвува свесно пред секој лет и продолжува со обуката, изјавил Јанков пред камерата на Националната телевизија. Од сега па натаму треба да се внимава, секој кој мисли да лета, додава инструкторот Велико Симеонов.