Хроника 19. февруари 2020. / 20:02

Нови детали од полициската акција: Дрогата била скриена во склад за овошје

Нови детали од полициската акција: Дрогата била скриена во склад за овошје

Кокаинот што попладнево беше фатен во скопското село Крушопек бил дел од поголем меѓународен синџир. Пратката тргнала од Јужна Америка и преку Италија и Црна Гора стигнала во Македонија, објави Телма. Таа била скриена во склад со оружје, а од трите камиони само во еден имало дрога.

Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности“.

По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата. Помина времето кога високото раководство во МВР соработуваше и ги поддржуваше криминалните структури во државата. Повеќе информации за јавноста ќе соопштиме во текот на утрешниот ден – напиша Чулев на Фејсбук