Денеска е регистриран нов пожар во околината на Велес, а станува збор за селото Војница, каде, како што објави градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, огнот се шири со голема брзина.
Стојановски на Фејсбук објави и фотографии од големиот пожар и порача дека се потребни доброволци за гаснење на пожарот.
– Нов страотен пожар во близина на село Војница. Пламените јазици се шират со голема брзина. – пишува градоначалникот Стојановски на Фејсбук.