Хроника 16. мај 2019. / 11:08

Нов 30-дневен притвор за Моника Ристеска

Нов 30-дневен притвор за Моника Ристеска

Моника Ристеска вчера попладне беше изведена пред судија во Основниот суд Куманово, кој го прифати предлогот на дежурниот Јавен обвинител и и одреди триесетдневен притвор.

Таа беше приведена на улица во Куманово, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени околу пет грама канабис.

Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината.