Хроника 10. септември 2018. / 21:25

Нормализиран е сообраќајот на патот Кавадарци – Неготино после сообраќајната несреќа

Нормализиран е сообраќајот на патот Кавадарци – Неготино после сообраќајната несреќа

Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Неготино од 20:15 часот е нормализиран во двата правци, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Поради сообраќајна несреќа што се случи попладнево помеѓу трактор и автомобил, сообраќајот најпрво беше во прекин во двата правци, а потоа се одвиваше наизменично по една сообраќајна лента.