Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција, вечерва информира дека е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба, кој инаку би го довел во опасност здравјето на граѓаните.
Акцијата била изведена одАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, а производот е повлечен од пазарот.
Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје е пронајден и запленет…
Posted by Ljupcho Nikolovski on Saturday, March 13, 2021
„Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!“, информира Николовски.