Војната болничарка Бојана Милановиќ(24) која во петтиот месец од бременоста се самоуби со ловечката пушка на својот свршеник Јовиша Маринковиќ, вчера е погребана на гробиштата во Сремска Митровица.
Пред да го спуштат ковчегот, говор одржал колега на Бојана, кој рекол дека таа не била толку долго во војската колку што оставила голема трага.
-Бојана се што правеше, знам дека правеше од љубов кон униформата. Немој да ја паметиме по лошо, тој кој памети по тоа, знајте дека греши. Ние во војската слабо простуваме грешки, а на Бојана немаме што да и простиме – рекол колегата на Бојана.
Кога пак ковчегот бил спуштен, свршеникот на Бојана, Јовиша само тивко изустил: Не ти требаше ова душо!