Невреме проследено со силен ветар го зафати Пехчево и околината. Од силината на ветрот откорнато е најстарото дрво во градот, додека паднати дрвја има и во дворот на старата амбуланта во Пехчево.
Според жители на градот, ветерот оштетил и неколку автомобили, гаражи, шупи и други импровизирани дрвени објекти во дворовите.
Невремето го зафати и село Црник, а тамошните жители информираат дека ветрот однел неколку покриви на куќи во селото. Ветрот и натаму силно дува и се уште создава немир меѓу жителите на Пехчево.
Поради обилните врнежи од дожд, има појава на свлечиште на патот од Кавадарци кон селата Ресава и Бегниште, информираат од кабинетот на градоналалникот Митко Јанчев.Воедно, предупредуваат, возачите кои сообраќаат по овој пат да бидат внимателни. Свлечиштето ќе биде санирано во текот на утрешниот ден.
-Поради лошите временски услови и обилниот дожд, предизвикано беше и свлечиште на патот Кавадарци -Мушов гроб. Тоа беше веднаш санирано и патот е слободен за сообраќај, соопштуваат од кабинетот на градоначалникот.
Поради лошите временски услови и врнежливото време, неколку стебла се паднати по течението на реката Луда Мара во селото Марена. Екипи работат на терен за да се отстранат стеблата и да се запре излевањето на водата од речното корито