Хроника 12. јули 2019. / 22:59

Несреќа во населба Аеродром: Aвтомобил удрил моторциклист па избегал

Несреќа во населба Аеродром: Aвтомобил удрил моторциклист па избегал

Кај кулите на Џеваир на ул.1615 во населбата Аеродром се случи сообраќајна несреќа, откако автомобил од засега непозната марка дирекно удрил во мотоциклист пошто истиот избегал од местото на несреќата.

На местото на настанот веднаш пристигна полицијата но засега се уште не се знае дали го откриле сторителот.

Очевидци од соседните згради за Курир велат дека автомобилот дирекно удрил во мотоциклистот и избегал, полицијата веднаш пристигнала и го барала причинителот на несреќата низ уличките во населбата, но не се знае дали го пронашле.

Имено, како што за Курир раскажува вознемирената жена, очевидец на немилиот настан, за среќа во сообраќајката нема жртви.

Екипи на МВР се на терен, го испитуваат случајот и се очекува негово расветлување.